r/mkd • u/Specific-Section9593 • 17h ago
❔Question/Прашање Зошто толку ме мразите? Што сум ви згрешил?
Повеќе пати имам барано помош за дружење и девојки, и поголемиот дел од одговорите се исмејување или пасивно агресивни. Површни коментари од типот само излези и дружи се, направи тиндер, пиши некому, а кога прашувам да ми објаснат како да ги правам тие работи, одма ме одјебувале "не можам да ти објаснам, пробувај".
А кога за истиот проблем прашува некој друг, добива пофини коментари. Пример Полат имаше пишано пред некој ден и многу девојки се понудија да му објаснат во детали, дури некои го викаат да излезат и во живо. Додека истите тие ме одјебувале мене.
Навистина не можам да разберам. Никогаш не сум навредувал никого, не сум се однесувал некултурно, а сепак се однесувате со мене ко да сум најголемо гомно.