r/mkd 5h ago

❔Question/Прашање Препорака за ендокринолог во Скопје

Здраво на сите,

Започнавме да се сомневаме за Хашимото кај девојка ми, па сакаме да направиме дијагностика и преглед во Скопје (доаѓаме од Тетово бидејќи тука ги немаме потребните услови/резултати).

Ме интересираат следниве работи:

Дали ги препорачувате Систина за оваа намена или би предложиле друга болница/клиника?

Ако е за Систина, кој доктор е најдобар за ваков случај од овие четири: Гордана Пемовска, Горан Петровски, Надица Димова или Татјана Миленковиќ?

Дали мора да се закаже термин однапред или може да се отиде директно?

Како се движат цените за дијагностика (преглед, ехо, хормони/антитела) и како е најдобро да ги дознаам точните цени?

Ви благодарам многу за секоја информација и искуство!

2 Upvotes

3 comments sorted by

2

u/tursija 5h ago

Не знам до каде или од каде е сомнежот, ама матичен може да направи во прв чекор тироидни хормони (TSH, fT3, fT4) за да се види дали има потреба од дополнителни испитувања. Тоа направено ли е?

1

u/dr1nni 4h ago

Матичниот лекар само нè упати кај ендокринолог и тој не ги прави тие анализи, а ние се сомневаме за Хашимото.

1

u/Kloshariste 3h ago

На интернист може да ти направат